1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на градоначалникот на Берлин

ЕМФ/афп/дпа/ард26 август 2014

Градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт денеска (26.08) соопшти дека поднесува оставка. Тој од функцијата ќе се повлече на 11 декември.

https://p.dw.com/p/1D1D2
Фотографија: imago

„Си одам доброволно“, рече денеска на прес-конференција во Берлин, Клаус Воверајт. Тој истакна дека одлуката не била лесна, но дека дискусијата околу неговата личност во неговата партија и‘ нанесувала штета на работата на владата (Берлин е град покраина, н.з.).

Клаус Воверајт се повлекува две години пред истекот на актуелниот мандат. Тој е градоначалник на Берлин од 2001 година. Десет години раководеше со црвено-црвен Сенат (коалиција на СПД и Левицата), а од 2011 година застана на челната позиција на црвено-црна коалиција (СПД и ЦДУ). Воверајт во последно време е засилено мета на критики поради повеќе пати одложуваното завршување на новиот аеродром вo главниот град на Германија. Аеродромот често се нарекува „финансиска катастрофа“, поради тоа што чини многу повеќе од првично предвиденото, а освен тоа, во текот на градбата се утврдени голем број недостатоци.

Во текот на изминатите месеци рејтингот на Воверајт беше во слободен пад. Во мај, според анкета на infratest dimap, 71 процент од испитаниците биле незадоволни од работењето на градоначалникот. Само 26 проценти испитаници одговориле дека се задоволни со неговата работа.