1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ поддржува доставување оружје за Курдите

ЕМФ/ард/дв31 август 2014

ЕУ е за испорака на оружје од страна на земјите членки наменето за Курдите во Ирак. Во меѓувреме, курдските и ирачките сили почнаа офанзива за ослободување на градот Амерли, со поддршка на американската воена авијација.

https://p.dw.com/p/1D4Gv
Фотографија: Reuters

Напредувањето на екстремистичката милиција Исламска држава (ИД) е „закана за безбедноста на европските земји“, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој, по вчерашниот (30.08) вонреден самит на Унијата во Брисел.

Шефовите на држави или влади на ЕУ се заложија за заострени мерки, со цел да се исушат изворите на финансии за ИД, како продажбата на нафта на меѓународните пазари. Освен тоа, тие се и за преземање заеднички напори со цел да се спречи влегување на екстремистички борци во Европа. Колку ваквите чекори ќе бидат ефикасни, ќе биде сумирано на средба на ЕУ во декември.

Денеска германската влада треба да донесе одлука какво германско оружје треба да им се достави на Курдите како поддршка на нивната борба против ИД. Утре канцеларката Ангела Меркел во Бундестагот ќе даде владина изјава на оваа тема.

Американската воена авијација во нови напади врз џихадистите

На северот на Ирак, во меѓувреме, ирачките и курдските трупи почнаа офназива за ослободување на градот Амерли. Притоа тие имаат поддршка од американски борбени авиони. Градот Амерли, кој има околу 15.000 жители, е под опсада на борците на ИД веќе два месеца. На жителите на градот им недостига храна и вода, а во случај ИД да го окупира градот, им се заканува масакр, со оглед на тоа што тие се шиити. Ирачката армија во текот на изминатите денови се приближи до градот и според безбедносни извори, на патот до Амерли се ослободени веќе десетина села.

Американската воена авијација од почетокот на август им дава поддршка на крудските пешмерга-борци (на фотографијата) и ирачката армија да ги истиснат џихадистите од северот на Ирак.

Активисти во меѓувреме ја обвинуваат Исламска држава дека прокриумчарила десетици жени Језиди од Ирак во Сирија и дека таму ги продала на свои борци. Има најмалку 27 документирани случаи на жени кои се продадени за околу илјада долари на борци на ИД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Вкупно, од Ирак се грабнати околу 300 жени и девојчиња кои се пренесени во Сирија како воен плен.