1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како и зошто добиваат луѓето алергија?

16 мај 2006

Дека телото реагира алергично на отровни материи е јасно, но зошто реагира исто така и на субстанците како полен или влакна од куче?

https://p.dw.com/p/Aedf
Карневалската шминка исто така предизвикува алергии
Карневалската шминка исто така предизвикува алергииФотографија: AP

Нашиот одбранбен односно имунолошки систем разликува телесни материи од сосптвеното тело и материи од нечие друго тело. Туѓите материи, наречени антигени, тој може да ги класифицира во опасни и безопасни материи. Антигените, што допринесуваат за настанување на алергијата, се нарекуваат алергени. Нашето тело уште од раѓање е имуно на некои туѓи материи. Тоа дополнително развива имунитет против антигени, со кои телото во текот на животот ќе дојде во контакт, како на пример вируси и бактерии. За осознавање и совладување на непознатите материи главна улога играат белите крвни зрнца Б-лимфоцитите. Тие произведуват антитела, кои се главниот клуч кон излекувањето. За секоја материја која одбрамбениот систем ја класифицирал како опасна, б-лимфоцитите произведуваат специјални антитела. По првата реакција на еден вид антигени, одбрамбениот систем го запаметува контактот и про повторен контакт може да реагира многу побрзо.

При појава на алергија токму овие процеси не се одвиваат како што треба:

Имунолошкиот систем на безопасни антигени реагира как на опасни и се создаваат многу повеќе антитела отколку што е потребно. Антителата претерано го сензибилизираат телото кое што потоа и на најмали количини на алерген реагира со познатите алергиски симптоми: кивање, течење на нос, надразнување на слузокожата итн.