1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Висок степен на исламофобија во Германија

17 март 2020

Германија, според мислењето на европски експерти, треба да преземе построги мерки против говорот на омраза на интернет и расизмот. Кај полицијата нема доволно свест за овој проблем.

https://p.dw.com/p/3ZZ0M
Hanau Gedenken deutschlandweit / Hanau
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Во дебатите доминира омраза. „Постојаната исламофобија и ксенофобичната реторика на екстремните десничари се одомаќинети во политичкиот дискурс“, констатираат европските експерти. Комисијата за антирасизам на Советот на Европа (Европска комисија против расизам и нетолеранција, ЕКРИ), опоменува на поголем ангажман на полицијата и тајните служби во оваа област. Во нејзиниот извештај, објавен денеска (17.03), експертскиот тим ги наведува и натаму постоечките дефицити во детектирањето на говорот на омраза на интернет, како и во секојдневната реалност.

Експертите истакнуваат постоење „висок степен“ на исламофобија во Германија, сметаат дека муслиманите се најпогодена верска група во земјата од омраза и расизам.

 Хале и Ханау

Работата на денеска објавениот извештај била завршена уште во јуни минатата година. Во тој период уште не беа докрај расчистени околностите на убиството на политичарот на ЦДУ од Касел, Валтер Либке, од страна на еден десен екстремист. Во извештајот исто така не се содржани ксенофобичните и расистички напади во Хале (октомври 2019) и Ханау (февруари 2020). Во извештајот меѓутоа е опфатен исламистички мотивираниот напад врз божиќниот панаѓур во Берлин со 11 загинати, од декември 2016 година.

Nach Angriff in Halle/Saale - Synagoge Döner-Laden Einschussloch
Истрел во киоскот за храна во Хале во октомври 2019 година, напад од расистички мотивиФотографија: picture-alliance/AP/J. Meyer

Пред неколку дена, генералниот секретар на Советот на Европа со седиште во Стразбур, Марија Пејчиновиќ Буриќ, се изјасни во врска со појавата и во европски рамки. „Во алармирачка димензија се зголемуваат антисемитските, исламофобските и расистичките кривични дела извршени од омраза“, изјави таа, укажувајќи на „растечко влијание на ултраниционалистичката и ксенофобична политика во цела Европа.“ 

„Сѐ понепријателски дискурс кон странците“

ЕКРИ во сегашниот извештај со жалење констатира дека „германскиот јавен дискурс во последните години е сѐ повеќе ксенофобичен и сѐ почесто е присутен говор на омраза.“ Извештајот притоа укажува на редовните неделни демонстрации на движењето Пегида во Дрезден и на партијата Алтернатива за Германија, посебно на нејзините подорганизации „Крило“ и партискиот подмладок „Млада Алетарнатива“. Во двете, според проценките на Службата за заштита на уставниот поредок на Германија, се присутни антиуставни тенденции. Пред неколку дена, Службата за заштита на уставот излезе во јавноста со оценка дека кај „Крило“ се забележани „десноекстремни стремежи против демократскиот мировен поредок“ и најави мерки на опсервација на организацијата. Извештајот на ЕКРИ, со оглед на растот на бројот извршени криминални дела од мотиви на постоење омраза, инсистира на нивно опсежно регистрирање и прецизно класифицирање.

Европски феномен

Препораките на Комисијата на Советот на Европа против расизам, која нема врска со ЕУ и нејзините институции, не се задолжителни. Но, Комисијата со своите извештаи го фокусира вниманието на јавноста и надлежните, барем одредено време, на дефицитите во борбата против интолеранцијата и дикриминирањето.

Повеќе:

Ханау: Омраза во срцето на Германија

Градоначалничка дилема - има ли спас од омраза

Неонацистите во фокус: Будни и на десното око

Омразата од интернет преминува во реалноста

Уште во 2014 година, извештајот на ЕКРИ ја предупреди Германија да преземе поголеми напори во борбата против расизмот и нетолеранцијата. Во сегашниот извештај на Германија ѝ се упатени и пофалби за ангажманот во изминатите години. Така, преку усвоените законски решенија, постигнати се видливи успеси во борбата против омразата и расизмот на интернет.

Голем дел од сегашниот извештај е посветен на т.н. рејшл профајлинг, расистички мотивирано однесување на службите за кривичен прогон, посебно на полицијата. Зачестени се поплаките посебно од Африканци, кои не се опфатени во статистиката. Кај безбедносните служби исто така недостига свест за проблемот. Извештајот препорачува појасно регистрирање на делата и мерки за дообука заради надминување на проблемот.