1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: Што значи смената на Мекарти за помошта за Украина?

Штефани Хепнер
5 октомври 2023

Во драматично гласање, претседателот на Претставничкиот дом, Мекарти, беше соборен од функцијата. Тоа не само што може да има внатрешнополитички, туку и тешки последици во однос на Украина.

https://p.dw.com/p/4X96l
Испорака на муниција: Помошта на САД за Украина ќе биде доведена во прашање?
Испорака на муниција: Помошта на САД за Украина ќе биде доведена во прашање?Фотографија: U.S. Air Force/ZUMA Wire/IMAGO

Ова беше историски чин кој и на меѓународно ниво предизвика немир – за првпат во историјата на САД претседател на Претставничкиот дом е соборен од функцијата преку гласање на парламентот. Мнозинството пратеници гласаа за барањето поднесено од десниот хардлајнер Мет Гец, Кевин Мекарти од Републиканците да биде симнат од функцијата. Со тоа 58-годишниот Мекарти е губитник во интерно-партиски спор околу буџетот и натамошната помош за Украина. Функцијата на „спикер“ во Претставничкиот дом е меѓу најважните во државата и хиерархиски веднаш зад претседателот на САД и неговиот заменик. 

Какви се можните последици за помошта за Украина?

 САД се меѓу најголемите донатори на помош за Украина. Затоа експерти сметаат дека симнувањето на Мекарти од функцијата може да има тешки последици и за помошта за Украина. Американскиот претседател Џо Бајден постојано нагласуваше дека САД ќе ја поддржуваат Украина „онолку долго колку што ќе биде потребно“, но без претседател Претставниќкиот дом е блокиран и тоа само неколку недели пред можно замрзнување на буџетот и истекот на помошта за Украина за која ќе бидат потоа потребни нови средства од Конгресот. Во неодамна одобрениот преоден буџет ја нема ставката со 24 милијарди долари помош за Украина кои ги побара Бајден. „Постои голема несигурност во однос на поддршката за Украина од страна на САД", вели Доминик Толксдорф од Германското здружение за надворешна политика во разговор со ДВ.

Мекарти по гласањето за негова смена: Не сака никогаш повторно да ја преземе оваа функција
Мекарти по гласањето за негова смена: Не сака никогаш повторно да ја преземе оваа функцијаФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

Кој е следен на функцијата?

Сосем неизвесно е кој од Републиканците ќе може да го освои потребното мнозинство за да седне на столчето на Мекарти и од кога Претставничкиот дом ќе може повторно да носи одлуки. "Сега многу нешта зависат од тоа кој ќе биде новиот спикер и кои услови ќе ги постават за неговиот избор, меѓу другото и за помошта за Украина, осумте конгресмени кои застанаа против Мекарти", вели Толксдорф. Можен е договор кој ќе ја опфати и темата миграција, вели тој и додава дека „може да се бара за поддршка на Украина ќе ставиме дополнителни средства на располагање за заштита на границата [САД – Мексико, заб. на ред.]."

Но, функцијата спикер за лицето кое ја извршува според Толксдорф е „фрустрирачка“ затоа што мора да ги ускладува различните крила во Републиканската партија. Меѓ кандидатите што се споменуваат има и такви кои ја поддржувале досегашната помош за Украина.

Доколку ова не успее, можни се и други начини за финансирање, како на пример преку продолжување на Законот за одбрана на демократијата во Украина од 2022 година, посочува Толксдорф. Со тоа Украина може да земе на „лизинг“ воени средства од САД. Законот истече во септември 2022 година, Украина се надева на продолжување на неговата важност. „Тоа можеби ќе биде поприфатливо за Републиканците затоа што имплицира дека Украина по завршувањето на војната ќе врати барем дел од средствата", вели експертот. Сепак, спорно е дали ова во Конгресот полесно ќе може да се протурка отколку пакетот помош што го предложи владата на Бајден, а предуслов секако е Конгресот да добие нов спикер.

Нова тема во предизборието – помошта за Украина

Поттикнати од Доналд Трамп, Републиканците ја открија помошта за Украина како нова тема за предизборната кампања. „Мислам дека Европа треба повеќе да придонесува", изјави кон средината на септември Трамп во интервју за ЕнБиСи. „Војната повеќе ги засега Европејците отколку нас“, рече тој.

Според Институтот за светска екониомија од Кил, во септември 2023 година Европа веќе значително ја надминува САД во однос на обемот на ветената помош од 156 милијарди евра од земји кои се и кои не се членки на ЕУ , наспроти 70 милијарди евра од Вашингтон.

Задоволен израз: Мет Гец по смената на Кевин Мекарти
Задоволен израз: Мет Гец по смената на Кевин МекартиФотографија: Win McNameeGetty Images

И други познати Републиканци како Гец, гувернерот на Флорида, Де Сантис, или Марџори Тејлор Грин од десното крило на партијата, се ангажираат против помош за Украина и бараат наместо тоа повеќе средства да се распределат за чување на границата кон Мексико. „Многу Републиканци и натаму сакаат да ја поддржуваат Украина", вели Толксдорф. „Но, групата на Републиканците, особено во Конгресот, кои сакаат да се намали обемот или сосем да се прекине поддршката, се повеќе расте", оценува експертот. Тие за сега се малцинство, но конфликтот има последици особено во Републиканската партија. „И тоа се повеќе ќе биде тема за која пратениците пред претстојните избори ќе мора јасно да се позиционираат, дали се за или против", вели Толксдорф.

Изгледите за уште една „бескрајна војна" во иднина ќе може да свртат уште повеќе пратеници против. Контраофанзивата на Украина се одвива бавно, големиот ослободителен удар всушност требашеда се случи уште летоска, но изостана

Се менува и расположението меѓу народот

Промената во расположението кај Републиканците може да наиде на плодна почва и кај населението. Според анкета на СиЕнЕн од почетокот на август годинава, 55 проценти од анкетираните се против натамошна помош за Украина. „Генерално трендот е дека поддршката опаѓа особено меѓу гласачите на Републиканците“, вели Толсдорф. "Но, тоа е поврзано и со политичкиот дискурс. Колку повеќе глаови во Конгресот велат дека тоа е расфрлање на буџетски средства, толку повеќе и гласачите имаат таков став", вели експертот. Појава која во претстојните месеци може да биде и уште понагласена.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема