1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците бараат алтернативи за греење во лето

Бисера Огњановска-Митров29 јули 2008

Монтажни соларни уреди на покривите од гаражите е растечки тренд во Германија

https://p.dw.com/p/EljG
На покривите на гаражите се инсталираат соларни колекториФотографија: solifer.de

Цената на електричната енергија во изминатава половина година во Германија се зголеми толку многу како никогаш досега. Затоа итно се потребни нови начини и решенија со цел да се намалат што е можно повеќе трошоците за струја. Од оваа причина голем број луѓе се одлучуваат да инсталираат соларни уреди на нивните гаражи. „Инсталирањето е едноставно, а пак добивката од тоа е голема.„-вели Гинтер Јеш од студентското здружение од Кобленц.

Принципот на работа е едноставен

Во текот на денот сончевата енергија се собира во резервоарите на уредот и доколку има потреба може да се користи за капење или греење. На тој начин се заштедуваат трошоците за електрична енергија, а освен тоа оние семејства што користат соларна енергија добиваат финансиска помош од државата.