1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медиумите и јавното мислење во поткрепа на НАТО

Милчо Јовановски15 октомври 2007

Во Охрид е отворен Балканскиот форум „Јавното мислење-фактор за членството во НАТО“,што го организираат МИА и бугарската телеграфска агенција БТА,во партнерство со ТВ А1 и весникот „Дневник“

https://p.dw.com/p/Br7H
Охрид-домаќин на ФорумотФотографија: Petar Stojanovski

Безбедносниот систем не е само свет на политички елити,воени сили и специјализирани институции,туку подразбира и активно учество на невладините институции и медиумите,рече на отворањето на Форумот министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошовски.

Република Македонија може да биде задоволна и среќна бидејќи 90 проценти од нејзините граѓани го поддржуваат влезот на земјата во НАТО,Милошовски додаде:

„Сакам да укажам дека Македонија како долгогодишен партнет на НАТО ја научи лекцијата од важноста и полезноста од позитивната јавна поддршка во спроведувањето на севкупните реформски проценки.Во оваа прилика го истакнувам фактот дека мојата земја по сите оценки е на добар пат наскоро да стане членка на Алијансата.Мислам на големиот број веќе постигнати критериуми,оваа моја увереност произлегува не само од силниот политички и социјален консензус во Македонија за членство во НАТО,туку и од постојаната висока јавна поддршка,која според последното истражување на Меѓународниот Републикански институт изнесува 90 проценти од населението.“

Обраќање на Форумот имаше и Соломон Паси,совентик на македонската влада за НАТО- интеграции.Целта на форумот во Охрид е дебата за медиумските аспекти на членството во НАТО во однос на идното присоединување на државите од регионот во Алијансата и размена на искуства меѓу медиумите од ЈИЕ стекнати на тој пат.За ова во Охрид дебатираат седумдесетина новинари од регионот,но и претставници на најсилните медиумски државни новински агенции од 11 држави.