1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Пајажина“: Остануваат и притворот и блокираната сметка

4 февруари 2011

Сметката на А1 телевизија останува блокирана, а осомничените во случајот „Пајажина“ остануваат во притвор. Ваков е денешниот судски расплет за случајот кој ја бранува македонската медиумска и политичка јавност.

https://p.dw.com/p/QyJw
Фотографија: Petr Stojanovski

Кривичниот Совет на Основниот суд Скопје 1 иако се најавуваше денеска не донесе одлука по предметот за деблокирање на сметките на фирмите од „Перо Наков„ бб. Претседателката на Основниот суд Скопје 1 Лидија Неделковска за Дојче Веле изјави:

„ Во законот за кривична постапка не постои ограничување со рок за одлучување по оваа жалба , така што треба да се причека одлуката на Кривичниот Совет која веднаш штом ќе биде донесена ќе биде соопштена“.

Таа притоа истакна дека не станува збор за одолговлекување на случајот :

„Ова е посебна фаза на решавање по жалба на ова решение и тоа нема никаква врска со текот на постапката кој непречено тече“, изјави Неделковска.

Од другастрана Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите поднесени од адвокатитенаосомничените во случајот „Пајажина“ за одлуката на истражниот судија да им го продолжи притворот во Истражниот затвор Шутка.Освен управителката на една од фирмите на „Перо Наков“,која пред два дена го изгуби бебето, во притвор остануваа сите осомничени од овој случај.

Одбраната во случајот не е задоволна од ваквата одлука но како што најавија ќе чекаат официјално да ја добијат одлуката и потоа ќе ги употребат сите сретства што стојат на располагање:

„Во решението со кое што е продолжена мерката притвор од страна на Кривичниот совет немаше дадено ниту една причина поради која треба да се продолжи ваквата мерка“, изјави за Дојче веле адвокатот Миодраг Вујиќ.

Автор: Костадин Делимитов/миа

Редактор: Симе Недевски