1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарските разузнавачи активни во Македонија!

6 ноември 2009

Бугарските разузнавачи минатата година ги блокирале материјалите на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, се наведува во документите на бугарската агенција за државна безбедност- ДАНС кои протекоа во јавноста.

https://p.dw.com/p/KPFP
Агентите на бугарскиот ДАНС вклучени во десетина операции кон МакедонијаФотографија: DW

Бугарските служби за своите активности во однос на Македонија му реферирале директно на тогашниот премиер Сергеј Станишев. Во документот од 2008 година, се оценува дека македонските тајни служби имаат традиционално висока разузнавачка активност кон Бугарија, заснована на оценката дека Бугарија претставува сериозна опасност од гледна точка на „македонскиот национален идентитет“.

Активни во Македонија

Протекувањето на информациите предизвика голем скандал во Бугарија, а на експремиерот Станишев веќе му беше одземен пратеничкиот имунитет и му се заканува затворска казна, откако беше обвинет дека поради негова небрежност документите стигнале до јавноста. Во документите можат да се прочитаа псевдонимите на бугарските оперативци во Македонија, како и имињата под кои ДАНС ги водела своите операции во земјата.

Nikola Gruevski nach den Parlamentswahlen in Mazedonien
Груевски сака да ја преземе контролата врз македонските тајни служби, тврдат бугарските разузнавачиФотографија: AP

„Внимателно се следат контактите на бугарските граѓани и на Македонци со пробугарска ориентација со вработените во бугарската амбасада во Скопје. Се чувствува засилена контрола врз работата на бугарската ВМРО-БНД во Македонија. Максимално се контролира добивањето на бугарското државјанство“, пишува во документот.

Бугарската служба овие информации ги добила од тројца разузнавачи, „Славеј“, „Посредник“ и „Бегалец“. Од информаторот „Фермата“, пак, е добиена информација за реформите во македонските служби за безбедност со цел за, како што се наведува, нивно обединување и ставање под директна контрола на македонскиот премиер.

Операции на бугарските разузнавачи

Бугарското контраразузнавање воочило пад на дејноста на македонската амбасада во Софија во однос на промакедонските групи.

„Истовремено се зголемени деловните контакти со цел привлекување на повеќе бугарски инвестиции во Македонија како противтежа на грчкото економско влијание. Процесите во Македонија се набљудуваат во рамките на операциите ’Езеро’ и ’Октопод’“, се наведува во досието.

Бугарските разузнавачи го информирале премиерот Станишев и дека спровеле „оперативни дејства за задржување на членови на промакедонските структури“ од Бугарија и Грција, како и на лица од Македонија, од кои биле одземени пропагандни материјали за грчката „Виножито“. За случајот биле информирани и претставниците на грчките служби во Бугарија. Станува збор за повеќедневното задржување на пропагандните материјали на „Виножито“ од страна на бугарските цариници во мај минатата година, во пресрет на парламентарните избори во Грција.

Premierminister Sergei Stanishev bei der EU Kommission
Документите за Македонија можел само тој да ги види. фото: Сергеј СтанишевФотографија: AP Photo

За спречување на процесите по линија на т.н. „промакедонски национализам“ бугарските служби активно работеле преку операцијата „Сепаратисти“.

Во документите до кои дојде „Дојче веле“ има и информации за поднесените молби за добивање на бугарско државјанство во 2008-та година, но во нив македонските граѓани не се споменуваат. Документот содржи само бројка од седум илјади барања, колку што биле поднесени таа година, а од нив 1850 биле одбиени.

Автор: Борис Георгиевски / Дојче Веле

Редактор: Александра Трајковска