1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автопат на „Голема Албанија“

22 јули 2009

Месечникот „Ле Монд дипломатик“ пишува за фараонскиот потфат кој имал цел да ги поврзе Тирана и Приштина и да ги развие економските односи меѓу Албанија и Косово, но би можело да ги маргинализира Албанците од Македонија.

https://p.dw.com/p/Itft
АвтопатФотографија: DW/ Sanel Kajan

Главната цел на овај гигантски градежен потфат, кој треба да ги поврзе Косово и Албанија без сомневање е развојот на економските односи меѓу нив, но авторите на статијата во „Ле Монд Дипломатик“ во проектот гледаат и чекор кон „Голема Албанија“. Ова нивно сомневање го поткрепуваат со раѓањето на „втората албанска држава“ на Балканот – Косово, која го оживува сонот за обединување на териториите на кои живеат Албанците. Се разбира, во Тирана и Приштина категорично ги отфрлаат ваквите тврдења и истакнуваат дека тие што го велат ова се против развојот на Косово и Албанија. Фатмир Лимај, косовскиот министер за транспорт, нагласува дека „проектот е со регионално значење и тој е во контекстот на европската интеграција на Балканот“.

Трасата на автопатот ќе треба да помине низ последните српски енклави околу Приштина, терените околу главниот град стануваат атрактивни и албанските инвеститори започнаа да ги купуваат овие терени. Српските села околу престолнината на Косово се поврзани со паралелна мрежа на локални патишта, а автопатот го загрозува опстанокот на овај „паралелен свет“ и се заканува да го доврши етничкото чистење.

Од каде доаѓаат парите?

Blick auf Tirana
ТиранаФотографија: DW

Едно од прашањата кое најчесто се поставува во Албанија е – од каде доаѓаат парите за гиганскиот зафат? Официјано грчката банка Алфа и‘ даде на Албанија кредит од 300 милиони евра, но никој не знае со што гарантирала албанската влада. Од друга страна, 65% од буџетот за инвестиции на Албанија оди во министерството за транспорт, од чиј буџет за изградбата на автопатот одат 75%. Ова е спротивно од препораките на Светската банка, која советуваше да се инвестира во здравството и образованието. Проектот веќе ја надминал цената од една милијарда евра и во моментов, според францускиот месечник, најголемата корист ја има изведувачот на работите, американското претпријатие „Бечтел“, кое работи со маржа од 44 проценти.

Автопатот ќе ги фаворизира односите Албанија - Косово

Bildgalerie Kosovo Pristina Zentralpanorama
ПриштинаФотографија: Filip Slavkovic

Со поврзувањето на Приштина со Јадранското море, автопатот им нуди на американските војници од базата Бондстил безбеден излез на море. Подршката на САД на новиот пат се совпаѓа со нејзините стратешки цели. Коридорот 8, напротив, предвиден во шемата на ЕУ, кој требаше да ги поврзе Тирана со Скопје, напредува крајно споро. Американската подршка беше одлучувачка за развој на патот кој ги поврзува двата сегменти на албанската нација.

Според анализата на „Ле Монде Дипломатик“, автопатот ќе ги фаворизира односите меѓу Косово и Албанија, а како последица на ова Албанците во Македонија ќе бидат маргинализрани. Во сложениот политички контекст на Македонија, албанската заедница може повторно да се определи за радикалната опција, со што ќе се потсети дека албанското прашање се поставува на регионално ниво. „Засега се реализира само приближувањето на ’двете албански држави на Балканот’, што автопатот може само да го забрза,“ пишува во статијата на „Ле Монде Диопломатик“.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Александра Трајковска