1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во корист на сопствената штета?

11 април 2009

Примерот со премијата за расходување автомобил, како успешен, сакаат да го воведат и САД. Колку е навистина успешна таа мерка со премијата и ќе можат ли Американците подобро да го изведат тоа?

https://p.dw.com/p/HUnQ
Звучи примамливо, премија за старите автомобили да одат на отпадФотографија: AP

Наместо да штедат, 1,2 милиона Германци од почетокот на годинава со поголемо задоволство потрошија пари за набавка на нов автомобил, поведени од владината премија. Со неа требаше да биде поддржана за Германија толку важната автомобилска индустрија, да бидат обезбедени работни места и да бие поттикната стопанската конјунктура. Згора на се’, тоа уште требаше да биде и во полза на екологијата. Така, во март во Германија беа продадени најмногу автомобили за последните 17 години. Поднесени беа повеќе барања за премијата ветена од државата, отколку што беше очекувано.

„Мораме да ја јакнеме автомобилската индустрија и тоа изгледа ни успева толку добро, што дури другите земји од ЕУ со љубомора гледаат на Германија. Оттука и продолжувањето на премијата“, вели сојузниот министер за сообраќај Волфганг Тифензе.

Заинтересирани се и Американците

Сега и американскиот претседател Барак Обама повлекува сличен потег: тој врши притисок во Конгресот, делови од конјунктурната програма да бидат наменети за сличен модел. Допрва ќе се дискутира како треба да изгледа американската варијанта. Државата има намера да даде до 4 илјади долари при купувањето нов автомобил, за што ќе бидат ставени на располагање до 4 милијарди долари. Притоа, Обама сака да ги постигне истите цели како и Германија.Да фрлиме поглед прво врз екологијата: ако се погледа повнимателно, многу е сомнително дека тука ќе има позитивен ефект, иако во Германија таа конјунктурна мерка официјално се вика еколошка премија. Герд Лотзипен од Германскиот сообраќаен клуб вели:

Deutschland Schrottplatz in Norderstedt
Колкави ќе бидат ефектите?Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Премијата за расходување на автомобили не е еколошка премија: не регулирано какви карактеристики мора да има новиот автомобил; сосем е независно колку литри гориво ќе троши“.

Ефектот за природната околина во Германија, ако воопшто го има, тогаш е побргу случаен - оти главно се купуваат мали автомобили. Теориски е можно р’ѓосаниот автомобил да биде заменет за нов што голта гориво, а за тоа уште и да добиеш пари од државата. Тука Американците работите помалку ќе и’ ги препуштаат на случајноста, оти премијата сакаат да ја врзат за одредени еколошки критериуми. Но, треба да се има предвид и фактот дека половина од еколошките штети, што ќе ги предизвика еден автомобил во текот на својот живот, настануваат веќе при производството! Така испаѓа дека предвремената набавка на нов автомобил посилно ја оптоварува природната околина, отколку уште некое време да се вози стариот, макар и трошел повеќе гориво!

Ќе следи пад на побарувачката?

Како стои со поддршката за автомобилската индустрија? Тука многумина експерти гледаат само еден предвремен ефект - имено, старите автомобили ионака во поблиска иднина би биле заменети. Вака, секој кој може, го прави тоа веднаш и уште е пристојно награден од државата. Автомобилската индустрија во наредните години ќе го почувствува тоа, смета Вили Диц, раководител на реномираниот институт на автомобилското стопанство.

„Премијата за расходување ќе води кон тоа, во наредните години да имаме пад на побарувачката. Околу половина од сегашните купувачи се, всушност, загубени за наредната година. Надеж се гледа само во опоравување на другите пазари, па тоа ќе може да биде компензирано таму“.

Abwrackprämie Autos Schrotthalde Opel
Во старо железоФотографија: AP

Значи, прашање е дали премијата за расходување долгорочно навистина им помага на производителите на автомобили. Во САД се води силна дискусија и околу тоа, кои производители навистина би профитирале од американскиот паричен благослов. Обама, се разбира, би сакал во прв ред да и’ помогне на домашната индустрија. Големата тројка, „Џенерал моторс“, „Форд“ и “Крајслер“е тешко погодена од кризата и помош и’ е повеќе од неопходна. Но, во Германија неблагонаклонето се гледа на протежирање на американски производители, оти овде премијата се доделува независно од тоа, кој е производител на новонабавениот автомобил. И бидејќи Германците главно купуваат мали автомобили, а странските производители се посебно силни во тој сегмент, во краен ефект увозните марки повеќе профитираа, отколку германските производители. За нив, воопшто, странскиот пазар е поважен од германскиот, вели Вили Диц:

„75 проценти од германското производство на автомобили оди во странство, кај некои марки дури и преку 80 насто. Тоа значи дека за германските производители е многу важно како понатаму ќе одат работите во Северна Америка“.


Автор: Инза Вреде- Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска