1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Давос, шанса и предизвик

М. Витцел и М.Гетцке29 јануари 2009

Во Давос почна Светскиот економски форум 2009. Рускиот премиер, Путин и неговиот кинески колега, Ѓијабао, во своите говори јасно кажаа, дека никој нема да остане поштеден од кризата. Самокритични се и некои од банкарите.

https://p.dw.com/p/GiKy
ДавосФотографија: AP

Давос е познат по чистиот воздух. Порано, ова мало место во швајцарските Алпи го посетувале луѓе кои имале проблеми со белите дробови, за да си ја повратат силата. Сега пациентот се вика: светска економија. Состојбата на болниот, според мислењето на многумина експерти кои учествуваат на Светскиот економски форум, загрижува. Џорџ Сорос, познатиот американски инвеститор, кој е постојан гостин во Давос ситуацијата ја означува како „шокантна“. Според него, проблемите се многу поголеми, отколку при економската кризата во 30. години на минатиот век. Трошоците за таа да се надмине се проценуваат на околу 1,5 билиони американски долари.

Малку оптимизам во кризни времиња

Klaus Schwab, Gründer des Weltwirtschaftsforums in Davos
Клаус ШвабФотографија: AP

Домаќинот, Клаус Шваб, годинешниот економски форум го оддржува под мотото „Обликување на светот по криза“. Еден од првите, кој годинава во Давос одржа говор е рускиот премиер Владимир Путин. Тој, притоа, побара корекција на курсот. „Оваа криза има многу причинители: колапсот на глобалниот финансиски систем, лош менаџмент и премала контрола од страна на државата.“, смета Путин.

Кинескиот премиер, Вен Ѓијабао, пак, подвлече дека неговата земја ќе и се спротивстави на кризата, економијата во Кина треба да забележи пораст од осум проценти. Почеток по мерка на домаќинот Клаус Шваб. Од годинешниот форум, на кој учествуваат 50 шефови на држави и влади (двојно повеќе од вообичаеното), треба да произлезе барем малку отимизам во овие тешки времиња.

Можност за дебата за финансискиот систем

Дека Давос овојпат е поинаков, смета и економистот, Стивен Роуч од американската банка Морган Стенли. „Средбите во Давос се секогаш посебни, но годинава е поинаку, се наоѓаме среде светска економска криза и тоа за учесниците е голем предизвик.“ смета Роуч.

Symbolbild steigender Aktienkurs Börse Kurse Konjunktur
Курсот да се смени во нагорен трендФотографија: BilderBox

Сега, би можело дури и да се каже дека за прват по долги години средбата е неопходна и може да претставува нешто повеќе отколку само негување на добрите контакти и необрзувачка размената на идеи. Речиси два месеца пред Светскиот финансиски самит во Њујорк, политичарите, заедно со концерните и банкарите имаат можност да дебатираат, како во иднина треба да изгледа финансискиот систем.

Според почетокот, се чини дека дебатите ќе бидат интересни. На првите тркалезни маси, некои банкари ја признаа вината и бараат поголема државна контрола. Но, од друга страна австралискиот медиумски магнат, Руперт Мардок, потсетува: „Не смееме да изгубиме од предвид, што е она што создава благосостојба. Тоа се слободните пазари и капитализмот. Секогаш одново, кога ќе се споредат најслободните пазари во светот, со најмалку слободните, се докажува дека победуваат слободните.“ порача Мардок.