1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посетителите се импресионирани од волшебниот Нојшванштајн

24 април 2008

Сте биле ли некогаш во Нојшванштајн? Посетителите ги делат со нас искуствата од легендарниот дворец на лудиот крал Лудвиг.

https://p.dw.com/p/Dnmx
Замокот НојшванштајнФотографија: AP/Fremdenverkehrsamt Allgäu

Додека работев за Светот на Волт Дизни, цели 11 години, се интересирав за Нојшванштајн. Од него е произлезена идејата за дворец во светот на Волт Дизни и бев нестрплив лично да го посетам. Не бев воопшто разочаран, туку напротив, бев импресиониран од неговата големина. Исто така, Нојшванштајн ме потсети на моето работење во Волт Дизни и лично се уверив од каде се неговите импресии. (Грегори Ф. Кнајт, Германија)

Додека минатото лето бев на двонеделен одмор во Германија, бевме во дворецот Нојшванштајн. Бевме буквално занесени од неговата импозантност и од убавината на дворецот на кралот Лудвиг. Ми се допадна секој момент од туристичката тура, освен 90 - минутното чекање, но вредеше погледот од Мариенбрике - тој беше навистина прекрасен. Мислам дека предвиденото време на чекање може да се замени со други активности. Но сепак, многу ни се допадна посетата на Фисен и на двата дворца таму. (Тод Кнот,САД)

Во октомври 1994та година, со семејството минавме 12 дена во Германија. Сите бевме возбудени од тоа што ќе го видиме Нојшванштајн. Се приклучивме на мала група луѓе во туристичка тура. Нашиот водич беше една млада пријатна жена која одлично зборуваше англиски јазик и детално ни објасни се` за дворецот и за неговата историја. Трпеливо ни одговараше на сите прашања и буквално го хипнотизираше нашиот син, кој тогаш имаше 15 години. Нашата ќерка, која тогаш имаше 12 години, беше фасцинирана од мебелот, декорот и од начинот на живот во времето на кралот Лудвиг Втори. Нашиот водич не натера да размислуваме за мистеријата на кралското наследство откако ни кажа за некои интриги што се случувале во тоа време. Кога се симнувавме надолу, се одлучивме да одиме со кочија, којашто ја влечеа коњи. Притоа научивме нови лекции по историја од возачот и од една двојка Германци кои патуваа со нас. Возачот ни раскажа и за Хоеншвангау и што го видовме додека слегувавме по зајдисонцето. (Гери Јакобс, САД)

Ausstellung Wagners Welten
Портрет на Кралот Лудвиг ВториФотографија: AP

Нојшванштајн треба да се промовира по примерот на Варвик дворецот во Англија. Варвик дворецот е дворец во вистинска смисла на зборот, додека Нојшванштајн повеќе наликува на ,,раскошен дом“.(Мат Хугс, Германија)

Изминатите 35 години имам посетено неколку дворци (вклучително и Нојшванштајн). Сметам дека треба да се зачува автентичноста - зошто на пример е поставен модерен лифт? Театарот што се наоѓа во близина е модернистички. Уживам во туристичките посети на Германија, особено во старата архитектура и улиците со калдрма. Тоа дефинитивно го нема во Канада. (Мајк Шмит, Канада)

Chinesische Touristen in Neuschwanstein
Омилено место за туриститеФотографија: dpa

Откако ги посетив Нојванштајн и Швангау, морам да кажам дека многу е важно да се прошири кругот на туристички посети во ваквите храмови на културата. Музеј на кралското семејство, на пример, би можел да придонесе за подобро разбирање на историските факти. Кралот верувал во уметноста, архитектурата и во активната улога на човекот во природата, од што всушност, произлегол дворецот Нојшванштајн. Од него може многу да се научи. (Ана Сафра, Израел )

Во 1984та година имав шанса да го посетам моето родно место во Германија. На мое огромно задоволство, бев во посета на Нојшвајнштајн. Иако беше студено и влажно априлско утро, глетката од Нојшвајнштајн беше нешто што никогаш нема да го заборавам. Неговата фасцинантна околина не може целосно да се види на филмовите. Тоа може да се доживее само ако сте на лице место. (Роберт Гај, САД)