1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Јосиф Ќурчиев

19 ноември 2011

Синоќа во Скопје, на 63-годишна возраст ненадејно почина новинарот Јосиф Ќурчиев. Тој беше долгогодишен соработник на Македонската редакција на Дојче веле, како и нејзин дописник од Македонија.

https://p.dw.com/p/13DZb
Фотографија: DW

Ќурчиев ги уредуваше и водеше емисиите на Дојче веле на македонски јазик. Со своите професионални квалитети остави трага во работата на нашата редакција, а ќе остане запаметен и по неговиот колегијален однос кон нас.

Со новинарство Ќурчиев започна да се занимава од 1970 година, како новинар во Радио Скопје, каде што беше уредник на информативни програми и новинар во надворешно-политичката редакција.

Ќурчиев беше колумнист во „Утрински весник“ и публицист. Во 2009 година ја доби и наградата „Жан Моне“ на Европската комисија, која се доделува за анализи и коментари на теми од ЕУ.

Македонска редакција