1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел бара решение на спорот за името

22 август 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел во пресрет на посетата на Балканот, во интервју за хрватската државна телевизија порача дека вратата на ЕУ е отворена за сите земји од регионот.

https://p.dw.com/p/12LLu
Ангела МеркелФотографија: dapd

Македонија треба да го реши спорот со Грција за името за членство во ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за Хрватската радио телевизија.

Според неа, на сите земји од Западен Балкан им е отворена перспективата за зачленување во Унијата, која зависи само од тоа дали ги исполнуваат условите.

„Актуелната должничка криза во Европа нема да влијае врз процесот на интерграција на земјите од регионот. Ако некои земји имаат долгови, нема поради тоа другите да ги оставиме пред врата. Важно е на пример Србија да соработува со Косово, на БиХ и треба влада, Македонија треба да го реши спорот со Грција за името. Сето тоа сега треба да се реши, но ако Грција, Португалија и Ирска во моментов имаат потешкотии, на другите земји нема да им ја одземеме перспективата“, нагласи Меркел.

Германската канцеларка денеска престојува во Хрватска, а во рамките на мини-балканската турнеја ќе ја посети и Србија.

Автор: БГ/миа

Редактор: Жана Ацеска