1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаџиќ сместен во затворот во Хаг

22 јули 2011

Хашкиот трибунал соопшти дека Хаџиќ бил сместен во притворската единица. Неговото појавување пред Судот се очекува в понеделник, кога ќе треба да се изјасни за 14 точки од обвинението кои го товарат за воени злосторства

https://p.dw.com/p/121iS
Горан ХаџиќФотографија: dapd

Последниот хашки бегалец, Горан Хаџиќ попладнево пристигна во Холандија каде им беше предаден на надлежните од Хашкиот Трибунал. Утрово, откако се откажа од жалба на одлуката за екстрадиција, на Хаџиќ му беше овозможено да го посети своето семејство во Нови Сад. Трибуналот во Хаг го обвини Хаџиќ за воени злосторства извршени за време на војната во Хрватска додека тој беше на чело на побунетите Срби.

Автор: БГ/ бета

Редактор: Александра Трајковска