1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бродската несреќа на Волга однесе 100 жртви

13 јули 2011

Бројот жртви од бродската несреќа во Русија се искачи на 100 откако беа извлечени телата на неколкумина исчезнати. На бродот се наоѓале 208 лица, од кои беа спасени 79, соопштија руските надлежни власти.

https://p.dw.com/p/11tzG
Фотографија: dapd

Бројот на жртвите во бродската несреќа што се случи во неделата на реката Волга се искачи на 100, соопшти денеска руското Министерство за вонредни состојби. Утринава имени нуркачи успеаја да извадат уште неколку тела од потонатиот брод „Бугарија“. Уште 29 луѓе се водат како исчезнати, но праксата покажува дека се мали шансите тие да се преживеани, со што бројот на жртвите би се искачил на 129. При тонењето на бродот „Булгарија“ 79 луѓе се спасени.

Бродот „Бугарија“ потона во неделата со околу 205 патници, иако максимално можел да пренесува 120. Операторите на бродот, кој е изграден во 1955 година, исто така немал лиценца за превоз на патници, ниту пак за организирање на туристички тури. Бродот имал и цела низа безбедносни недостатоци.

Автор: АТ/ миа/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски